Поврзете се со нас

Конференциска лига

Анти-рекорд за Мурињо, Рома настрада на гостувањето во Норвешка (Видео)

Објавено

на

Рома настрада на гостувањето кај Бодо во Конференциската лига на натпревар кој заврши со 6:1 за норвешкиот тим, а неочекуван пораз забележа и Тотенхем како гостин кај холандски Витесе (1:0).

Поразот на Рома не е премногу загрижувачки за италијанскиот тим во однос на шансите за пласман во следната рунда, но затоа долго ќе биде запаметен од тренерот Жозе Мурињо.

Ова е прв натпревар во кариерата на Мурињо, на кој неговиот тим примил шест гола, нешто што досега му се нема случено на претходните 1007 натпревари во професионалната тренерска кариера.

Ерик Ботхајм постигна хет-трик против Рома која настапи со комбиниран состав, а единствениот гол за гостите бил дело на Перез.

Тотенхем загуби од Витесе, единствениот гол го постигнал Витек во 73. минута, а со овој пораз премиерлигашот во моментов е на третото место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни