Поврзете се со нас

Шпанија

Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)

Објавено

на

Хетафе важи за екипа која негува воени принципи под водство на тренерот Хосе Бордалас, кој за жал во јавноста не ужива толку голема популарност поради деструктивниот стил на игра.

Бордалас минатата сезона направи чудо и беше спасител за Хетафе во борбата за опстанок, па откако реши да остане во клубот и во новата сезона, наиде на вторите тешки оптужби во краток временски интервал. Откако се најде на удар поради тактиката која ја примени против Барселона, Бордалас сега се го навлече гневот и во Билбао, каде Атлетик и Хетафе вчера одиграа 2:2.

Домашните играчи со сите сили се обидуваа да дојдат до трет гол, но гостите користеа и помалку валкани и нефудбалски потези, па намерно се фрлаа во терен и глумеа повреди за да трошат време.

Овој пристап го разбесни Ињаки Вилијамс кој влезе во жесток клинч со Бордалас, па откако двајцата имаа што да си разменат, тренерот доби црвен картон од главниот судија.

Натпреварот имаше и „трето полувреме“ по ремито од 2:2, бидејќи напаѓачот на Атлетик не се штедеше и во микс-зоната и јасно стави до знаење дека воопшто не го цени Бордалас.

– Не се гордеам како изреагирав, но тие го прават тоа секогаш. Бордалас прави така да игра неговиот тим. Сите во Примера го замолкнуваме и добро знаеме какви манири користи неговиот тим. Дозволено е да се игра и така, но на многумина не ни се допаѓа, – изјави Вилијамс, по што оптужба пристигна и од Бордалас.

– Тоа што го кажа Ињаки Вилијамс за мене се опортунистичко и несоодветно. Треба да ја каже навредата која ја изговори кон мене, треба да биде искрен и да каже што ми порача, станува збор за нешто многу сериозни, – изјави Бордалас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни