Поврзете се со нас

Шпанија

Ансу Фати си постави цел по катастрофалната сезона во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Ансу Фати реши да си замине од Барселона пред почетокот на сезоната и се пресели во Премиер лигата, но престојот во Брајтон не беше воопшто лесен за крилниот напаѓач, кој повторно беше успорен од многу повреди.

Фати не успеа да се наметне во тимот на Де Ѕерби и често беше изоставен и во ситуација кога беше фит за игра, па сега по неуспешната позајмица во Брајтон, се враќа со надеж дека ќе може да се покаже пред нов тренер во Барселона.

Чави Ернандес беше тој кој не најде место за Фати во тимот на Барса минатата година, но Ансу сега има голема желба за докажување и покрај тоа што остава доста лошо искуство зад себе.

– Се вратив дома во Барселона и се чувствувам навистина добро. Зад себе оставам година во која научив многу работи. Се испробав во тешка лига како Премиер лигата и беше чест да се претставува Брајтон. Не беше онака како што замислувавме, но сега се враќам во мојот матичен клуб и опкружен сум од семејството. Многу сум среќен што се враќам во Барселона.

– Амбициите останауваат исти. Откако дојдов во Барселона како десетгодишно момче, целта ми е да триумфирам во Барса. Последните години не беа лесни, но тоа е дел од фудбалот. Имам само 21 година и мора да продолжам да растам. Имам желба да вратам за сета љубов која ми ја даваат фановите на Барса.

– Имав можност да го запознаат Ханси Флик кога дојде да не посети во Брајтон. Го запознав, се поздравивме и си дадовме рака. Му посакувам се најдобро, доаѓа во најдобриот клуб во светот и сигурен сум дека ќе му оди добро. Јас сум играч од школата на Барселона и најголема цел ми е да играм за овој клуб. Секогаш кога добивам шанса, го давам најдоброто. Подготвен сум да се борам за тимот и за овие бои, – изјави Ансу Фати во интервјуто за „Мундо Депортиво“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни