Ансу Фати ќе игра против Македонија

ansu-fati12

Младата македонска репрезентација до 21 година во ноемврискиот прозорец ќе одигра два меча од квалификациите за Европското првенство, а во еден од нив ќе се сретнеме со моќната Шпанија.

Токму денеска селекторот на „црвената фурија“ Луис Де Ла Фуенте го објави списокот на играчи и на истиот дефинитивно се издвојува новата млада ѕвезда на Барселона, Ансу Фати. Фати во оваа сезона се промовираше на големата сцена со своите партии, голови и асистенции, па се зборуваше дека ќе добие повик и за А тимот, меѓутоа засега останува во селекцијата до 21 година во која има други познати имиња како Кукуреља, Абел Руиз, Феран Торес, Фран Белтран…

Средбата со Шпанија ја играме на 14 ноември.

Facebook Коментари