Поврзете се со нас

Шпанија

Ансу Фати го „измести“ Артуро на тренингот: Подгответе протеза за колкот на Видал (Видео)

Објавено

на

Ансу Фати на почетокот на оваа сезона се издвои како најголем талент во редовите на Барселона и доби експресна поддршка од Лионел Меси, а со своите партии брзо ги освои и симпатиите од страна на фановите кои во него влеваат големи надежи.

Тинејџерот кој има само 17 години редовно тренира со првиот тим и изгледа како играч кој воопшто не се срами да ги покаже своите квалитети, па сега стана главна тема на еден од првите тренинзи по долгата пауза која ја имаа фудбалерите поради коронавирусот.

Интересно, Барселона во текот на денешниот ден сподели две видеа од неговите одлични вештини со фудбалската топка, но на интернет, посебен хит стана дриблингот кој му го продаде на играчот кој е 15 години повозрасен од него.

Ансу Фати му продаде фантастичен трик на Артуро Видал, а угледниот весник „АС“ имаше најжесток наслов:

– Подгответе протеза за колкот на Артуро…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни