Поврзете се со нас

Франција

Анри загрижен за Меси: Лео е изолиран, овој тим на ПСЖ игра за Мбапе!

Објавено

на

Тјери Анри е задолжен за анализа на најважните натпревари во Лига 1, па со оглед на медиумската популарност која ја има во последно време, изјавите поврзани за Лионел Меси дефитнивно привлекуваат посебно внимание во јавноста.

Марсеј и ПСЖ ремизираа со разочарувачки 0:0 на вчерашното големо дерби кое се одигра на „Велодром“, а кое за Анри бил само уште еден доказ за тоа дека неговиот поранешен соиграч е изолиран во тимот на ПСЖ.

Анри нагласи дека голема одговорност за тоа има тренерот Покетино кој не направил доволно за адаптацијата на Лео во ѕвездениот тим на ПСЖ, во кој тој смета дека и натаму клучен фактор е Килијан Мбапе.

– Меси не зборува многу, тој зборува со топката во нозете. Засега, овој тим на ПСЖ и натаму е тимот на Килијан. Мбапе е тој кој прави тимот да се разигра, топката оди најчесто кај него и тимот игра за него. Во еден момент од сезоната, мора да има само еден диригент, во спротивно, секој ќе игра во различно темпо. Во овој тим на ПСЖ, во моментов има многу диригенти.

– Меси е изолиран, многу помалку ја допира топката од тоа што е навикнат. Нема да кажам дека е тажен, но тој е изолиран во овој момент. Повеќе сакам да го гледам во оската, во централниот дел. Не гледам дека е продуктивен на десната страна, во централниот дел може да го донесе потребниот ритам. Во овој момент, добива многу помалку топки од што треба и тоа е за анализа од стручниот штаб, – вели Тјери Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни