Поврзете се со нас

Олимписки игри

Анри за ставот на Реал Мадрид: Не сум бил толку пати одбиен од средно училиште

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Тјери Анри како селектор на младинската репрезентација на Франција ќе има за задача да го води националниот тим на Олимписките игри во Париз, а легендарниот голгетер денеска ја објави првата прелиминарна листа.

На списокот од 25 играчи не се најдоа голем број звучни ѕвезди, па иако ситуацијата може да се промени, засега нема ниту еден од фудбалерите кои беа најавени како големи засилувања.

Во прв план тука се мисли на Килијан Мбапе кој не добива дозвола од Реал Мадрид да настапи на Олимписките игри, но Перез таквиот став го пренел и за останатите двајца играчи, Камавинга и Чуамени.

Анри на денешниот прес посочи дека не бил толку лесно и категорично одбиен од времето кога се образувал во средно училиште, па јасно е дека мали се шансите за менување на ситуацијата во тој поглед.

– Надежта последна умира, не знаеме што ќе се случи во периодот кој следи. Јас составив листа која е реална, не можам да повикам некој според претпоставка.

– Листата може да се промени, но моравме да објавиме список за да знаат кои играчи треба да се подготвуваат. Не сум ја затворил вратата на никого, но ќе видиме што ќе се случи. Реал Мадрид? Отидов, прашав, ми кажаа НЕ и си отидов. Немаше дискусија, последен пат бев толку пати одбиен во средно училиште, – изјави Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни