Поврзете се со нас

Франција

Анри за потезите на Мбапе: Во ПСЖ секогаш има проблеми…

Објавено

на

Пари Сен Жермен оствари рутинска и убедлива победа над Монпелје од 5-2 во Лига 1, но овој триумф остана во сенка на Килијан Мбапе и неговото однесување на средбата во која не реализираше удар од 11 метри.

Тој беше доста нервозен, па на моменти реагираше непотребно и со тоа се најде во фокусот на вниманието. При една контра на „светците“ тој престана да трча откако Витиња не се одлучи да го проигра, потоа пак сакаше одново да шутира пенал, ситуација при која се удри прво во Меси и потоа бараше од Нејмар да му ја даде топката, меѓутоа Бразилецот остана смирен, ја презема одговорноста и реализираше од 11 метри.

Егото на Мбапе носи проблеми: Меси чудно го гледаше, Нејмар не му дозволи да изведе пенал (Видео)

Сето ова нормално донесе нервоза и коментари, па свое видување имаше и легендарниот Тјери Анри кој порача:

-Ова е негово место. Тој секако ќе мора да го покаже своето најдобро ниво како што покажа од самиот почетокНо тој нема што никому да докажува. Тренерот ќе мора да најде начин да ги игра тројцата [Меси, Нејмар, Мбапе] и да направи да бидат задоволни…со среќа.

-Во ПСЖ секогаш има дебата, проблем. Победија со 5-2 и зборуваме за Мбапе. Минатата година тоа беше Нејмар и секогаш ќе биде така, тоа е ПСЖ, -порача Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни