Англија
Анри за грешките на Гвардиола: За прв пат ни е дозволено да кажеме…
Манчестер Сити е во тешка резултатска криза, најтешка во поновата историја, криза која дефинитивно е најголема и во досегашната тренерска кариера на Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ имаат само една остварена победа на последните единаесет натпревари во сите конкуренции, а останаа непоразени уште со Феенорд во Лигата на шампионите и против Кристал Палас во Премиер лигата. Ова јасно кажува со каков проблем/проблеми се соочува актуелниот англиски шампион и менаџерот Гвардиола за кого легендарниот Тјери Анри смета дека за првпат постои основа за сомневање за неговите одлуки поврзани за откажување на некои играчи како Палмер, Марез и Алварез.
-Сите знаеме, ова е прв пат и ни е дозволено да го кажеме тоа, дека можеме да ги оспориме неговите одлуки за начинот на кој ги пушти Кол Палмер, Ријад Махрез, Хулијан Алварез. Илкај Гундоган се врати и не е истиот Гундоган кој постигнуваше 17 гола во сезона. Фалат тие голови.
-Халанд ги постигнува истите голови, неколку помалку во однос на неговата прва сезона, но тој го прави она што го прави обично. Го гледав како промашува зицери во секоја сезона, но каде се головите на Марез, Алварез или Кевин Де Брујне, Гундоган – каде се тие голови?, -праша и подвлече Анри.
-
Светски првенства17 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства16 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија18 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија16 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Шпанија18 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Англија24 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…
-
Шпанија22 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Свет17 часа
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)