Поврзете се со нас

Англија

Анри воочил една огромна разлика меѓу Арсенал и Ливерпул: Треба да се променат многу нешта во тимот на Артета

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Тјери Анри во последно време дава експертски забелешки за натпреварите во Лигата на шампиони, но сега како гостин во студиото на „Скај Спортс“ направи и мала паралела за битката што се води на врвот во Премиер лигата.

Французинот не го крие огромното изненадување од слабата форма на тимот кој го води Пеп Гвардиола, меѓутоа воглавно се задржува на Арсенал и Ливерпул, два тима кои добиваат фаворитски статус во трката за титулата.

Иако Челси е измеѓу Ливерпул и Арсенал во овој момент, експертите не веруваат дека тимот на Енцо Мареска ќе го одржи темпото од последните пет натпревари, а Анри се обиде да објасни зошто во овој момент тимот на Арне Слот е подобар од оној на Микел Артета.

– Многу работи треба да се променат за Арсенал да стигне до титулата во Премиер лигата. Прашањето кое го поставувате е добро. Што треба да се направи за да се „победи“ во Премиер лигата.

– Кога го гледам Ливерпул, гледам тим кој додава гас на педалот и кој се обидува да победи без оглед на ривалот кој го има на спротивната страна, додека останатите тимови излегуваат на теренот со цел да не загубат. Тоа прави огромна разлика, ако сакате да ја освоите Премиер лигата, мора да ја грабнете истата и да победувате.

– Од друга страна, кога го гледате Арсенал, во моментов гледате тим кој постигнува голови само од прекини. Го победивме Манчестер Јунајтед, но не креиравме речиси ништо од игра. Станаа многу предвидливи. Не велам дека е лошо да се биде добар од прекини, тоа е извонредно, но Арсенал мора да се врати на своите основи. Мора да почне да игра фудбал и да не биде толку предвидлив. Како пример ќе го дадам и фактот што топката секогаш завршува кај Сака кога соиграчите се во проблеми. Сите овие работи се многу предвидливи за противниците во овој момент, – вели Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни