Поврзете се со нас

Свет

Анри во комбинација за попрестижен селекторски ангажман

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Легендарниот Тјери Анри во моментов е ангажиран во француската репрезентација која се подготвува за настап на Олимписките игри во Париз, но наскоро може да добие и многу посериозна функција.

„Би-Би-Си“ денеска објави дека Французинот е во потесен круг стручњаци кои се кандидати за селекторската функција во репрезентацијата на Велс.

Велшаните останаа без селектор откако Роб Пејџ заработи отказ, па федерацијата планира наскоро да го реши ова прашање во пресрет на првите есенски обврски.

Анри има одлични конекции со велшката федерација поради фактот што се едуцираше и ја доби про лиценцата работејќи под нејзино менторство, а селекторското место се ослободи откако Пејџ не успеа да го одведе Велс на ЕП во Германија.

Одговорните за велшкиот фудбал сакаат да постават големо фудбалско име и да го искористат неговиот авторитет, нешто што во минатото беше направено и со ангажирањето на Рајан Гигс, кој мораше да се повлече поради проблемите во приватниот живот.

Анри досега ги водеше Монако и Монтреал, а летово ќе биде ангажиран околу обврските на олимписката репрезентација на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни