Поврзете се со нас

Франција

Анри сведочеше на првиот настап на Меси во Франција: Само еднаш во животот имав видено вакво нешто

Објавено

на

Лионел Меси во неделата дебитираше во новата средина носејќи го дресот на ПСЖ и наиде на огромен публицитет во Франција, а легендарниот Тјери Анри имаше можност да присуствува на натпреварот во Ремс и да сведочи на историскиот момент во Лига 1.

По 21 година во Барселона, Меси облече друг дрес и за првпат заигра за друг клуб во професионалната кариера, но според Анри, влијанието кое го имал Аргентинецот на трибините го видел само уште еднаш во својот живот.

Легендарниот францускиот голгетер ги одработуваше своите медиумски обврски на теренот, но по средбата се сретна со својот добар пријател со кого ја делеше соблекувалната во Барселона, за кого вели дека направил нешто што не се гледа во Франција.

– Кога Меси влезе на теренот во второто полувреме, цел стадион го извикуваше неговото име, не само навивачите на ПСЖ, буквално цел стадион. Последен и единствен пат имам видено вакво нешто со Иниеста. Цел стадион го извикуваше неговото име.

– Меси е неверојатно понизен фудбалер за таква класа, но кога ја добива топката во нозете, нема почит кон противникот. Моја среќа е што имам фотографии кои можат да докажат дека играв со него во ист тим, – шеговито додава Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни