Поврзете се со нас

Франција

Анри: Срамота е тоа што се случува во Париз, Меси треба…

Објавено

на

Лионел Меси одново доби свирежи од дел од навивачите на Пари Сен Жермен на средбата со Олимпик Лион и како што стојат работите тоа може да се земе како знак дека Аргентинецот е многу поблиску до заминување од француската престолнина отколку до потпис за нов договор.

Актуелната соработка завршува на крајот на месец јуни и иако пред некое време, месеци се чинеше дека Меси е блиску до останување во Франција сега информациите од медиумите говорат нешто друго, односно се повеќе се говори за кам-бек во Барселона.

Според легендарниот Тјери Анри тоа е најдобро решение, идеално сценарио затоа што според него срамно е ветеранот да добива свирежи од навивачите на ПСЖ.

-Срамно е да се слушна свирежи од Паркот на принцовите. Не можете да исвиркувате еден од најдобрите играчи во екипата кој има 13 голови и 13 асистенции оваа сезона. Лично би сакал да го видам како ја завршува кариерата во Барселона, во Европа. Потоа, не знам што ќеправи. Затоа што начинот на кој ја напушти Барселона по сè што направи … мене навистина не ми се допадна. За љубовта кон фудбалот, тој треба да се врати во Барселона, -порача Анри за „Амазон Прајм“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни