Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри со сериозен заклучок за новата ера во Барселона: Сите зборуваат за Ханси Флик, но…..

Објавено

на

Неверојатните резултати на Барселона со сите почести му се препишуваат на германскиот стручњак Ханси Флик, а иако тој е одговорен за позитивниот бран кој владее во Каталонија, Тјери Анри смета дека не смее така лесно да се заборави работата на Чави Ернандес.

Јавноста многу брзо ги стави во втор план сите добри нешта кои ги направи Чави во својот мандат на „Камп Ноу“, но тоа не важи и за неговиот поранешен соиграч кој сега излезе со интересен став од студиото на „Си-Би-Ес“.

Популарниот Тити вели дека е погрешно да се вели дека со Ханси стартуваше една нова ера, бидејќи според него, истата беше почната од Чави Ернандес.

– Сите зборуваат за Ханси Флик, но тој не ја започна оваа ера во Барселона. Чави ја почна оваа ера во Барселона, а Флик го продолжува тоа што го сработи Чави. Чави овозможи да дебитираат играчи како Кубарси, Ламин, а истото важи и за други играчи во актуелниот тим. Чави си замина и Флик го продолжи тоа што тој го правеше.

– После две години играње заедно, мислам дека на овој тим му дојде добро тоа што имаше една тешка сезона, тоа им послужи да научат и да добијат на карактер. Гледајќи ги од оваа гледна точка, мислам дека Барселона треба да се смета за еден од фаворитите за титулата во Лига на шампиони. Знам дека понекогаш е потребно време, потребно е да загубите во полуфинале, или четвртфинале, но верувам дека овој тим на Барселона може да оди до самиот крај, – заклучува Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни