Поврзете се со нас

Свет

Анри со коментар за потегот на Панамците: Никогаш не сум доживеал вакво нешто

Објавено

на

Тјери Анри доживеа големо изненадување откако панамските репрезентативци завршија во негова прегратка по голот за победа, постигнат во 94. минута против американската репрезентација.

Панама обезбеди финале во КОНКАКАФ Лигата на нации, а херој на оваа селекција беше Сесилио Вотерман, кој реализираше во последните моменти од судиското надополнување на регуларниот дел.

Вотерман веднаш истрча кон мобилното студио на „Си-Би-Ес“ и му го посвети голот на својот идол Анри, а неговиот потег го следеа и останатите репрезентативци.

– Претходната вечер ме прашуваа кој бил мој фудбалски херој и јас реков Анри. Уште откога бев дете, ти беше моја инспирација, па откако постигнав гол, те видов и дојдов да кажам здраво, – објаснил Вотерман во интервјуто со Анри по натпреварот.

– Многу работи ми се случија во долгата кариера, но ова беше нешто посебно.

– Ова е најдобрата прослава на гол која сум ја видел, – изјавил пак воодушевениот Анри.

Панамците ја шокираа Америка, па се погрижија за уникатна прослава со Тјери Анри (Видео)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни