Поврзете се со нас

Англија

Анри со интересна изјава за „непобедливиот“ Арсенал: Тешко беше против Јунајтед, но уште потешко беше против….

Објавено

на

Тјери Анри не крие дека најубавите фудбалски години ги мина во Арсенал и покрај тоа што трофејот во Лигата на шампионите го освои како член на Барселона, а и сите кои отпочеток ја следат неговата кариера, едногласно потенцираат дека Французинот посебно брилјираше на „Хајбери“.

Анри дури во четири наврати ја освои „Златната копачка“ во Премиер лигата, а од овие индивидуални признанија, секако најдрагоцено му  она кое го доби во незаборавната сезона 2003-04.

Арсенал тогаш испиша историја и цела сезона ја заврши без пораз, па така тимот предводен од Арсен Венгер го доби епитетот „непобедлив“. Анри беше прв стрелец со 30 погодоци, а навраќајќи се на времињата кога жесток ривал им беше Јунајтед, не пропушти да посочи дека потешка задача имал на тренингот отколку на натпреварите во Премиер лигата.

– Продолжувам да велам дека бевме големи натпреварувачки, сакавме да победуваме и правевме се за да дојдеме до тоа. Тешко беше да се натпреваруваме со Јунајтед, но уште потешко беше натпреварувањето на тренинзите, – започнува Анри за „Футбол Дејли“ и додава.

– Секој ден се соочував со Сол Кембел, Мартин Кион, Коло Туре, морав да се справувам со сето тоа, но и тие мораа да се справуваат со нас, играчите од нападот. Беа толку тешки тренинзи, понекогаш се тепавме на тренинзите и тоа буквално. Имаше голема борба и навистина не се штедевме, – открива Тјери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни