Поврзете се со нас

Свет

Анри разочаран од иновацијата која ја убива убавината: Фудбалот секогаш заостанува зад другите спортови

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Тјери Анри беше дел од спортската недела на лидери кога се одржа во Лондон, конференција на која легендарнито француски ас го искажа своето незадоволство за технологијата која се имплементираше во најважната споредна работа во светот.

ВАР системот требаше да ја подобри сликата за фудаблот и да даде една пореална слика во која ќе се исфрлат неправдите, но наместо тоа, видео технологијата често предизвикува хаос и ја уништува убавината на играта.

Токму ова го мисли и легендарниот Анри, кој открива дека веќе не се радува и не скока по постигнатите голови на неговиот омилени тимови во фудбалот.

– Ние во фудбалот секогаш заостануваме, имаме толку многу за учење од другите спортови. Она што го гледам во американскиот фудбал, во рагбите, крикетот и тенисот е поинаку. Таму веднаш се носат одлуки, за неколку секунди.

– Со ВАР постојано сум нервозен бидејќи едноставно не е доволно брзо. Одлуката на крајот ја носат некои кои се во камион или во нешто слично. ВАР изгледа само како нешто што ни нуди повторена снимка. Она што ме лути е и фактот што јас во кариерата бев научен да славам голови. Дали да славам, дали да скокам? ВАР ја убива убавината на играта, – вели Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни