Франција
Анри распали по францускиот фудбал: Челси против Сити заврши 4:4, а ние гледавме…… (Видео)

Тјери Анри од неодамна е селектор на селекцијата на Франција до 21 година, а пред новите пресметки кои следат за неговите момци, легендарниот голгетер навлезе во суштинскиот проблем кој владее во Лига 1.
Анри не е воопшто задоволен од квалитетот на фудбалот и спектаклот кој го нуди најсилната фудбалска лига, а на пресот пристигнал и добро подготвен и ги избројал головите кои биле постигнати во последните две рунди во Франција.
– Изминатиов викенд се постигнаа вкупно 12 гола во цело коло, а претходниот 13. Вчера имаше натпревар на кој немаше шут кон голот. Едноставно нема акција, нема атракција и нема возбуда за фановите.
– Ница е втора на табелата со 13 постигнати гола, дали тоа ве изненадува? Треба да ве изненади. Не сакам да напаѓам никого, но фактите зборат за тоа каков фудбал се игра кај нас. Освен лудата тројка на ПСЖ, другите не размислуваат за голови.
– Во дуелите на директните ривали, тимовите не сакаат да се отворат и се игра затворен фудбал. Се надевам дека ова ќе се промени и дека ова ќе бидат последните два викенди во кои ќе видиме толку малку голови. Сето ова се случи во моменти кога Челси и Манчестер Сити одиграа 4:4 во Премиер лигата. Ние гледавме Рен-Лион и Ленс-Марсеј и видовме вкупно два гола, требаше да гледаме само Челси-Манчестер Сити, – изјавил Анри.
🇫🇷 Le triste constat de Thierry Henry sur la Ligue 1 :
🗣 "Ce n'est pas forcément les buts en fait. Il n'y a pas d'action, pas de tir cadré. Nice est deuxième avec 13 buts marqués 😐." pic.twitter.com/QLfP2iGsym
— RMC Sport (@RMCsport) November 13, 2023
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 24 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…