Поврзете се со нас

Англија

Анри посебно му се поклони на еден играч на Арсенал: Тој е убедливо најдобар во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Тјери Анри продолжи со своите медиумски гостувања како спортски аналитичар и во ситуација кога стана селектор на младинската репрезентација на Франција, а во последното гостување во „Амазон прајм“ говореше за играчот кој прави клучна разлика во Арсенал.

„Топчиите“ минатата сезона ја загубија биктата за титулата во период кога Вилијам Салиба се повреди во клучниот дел од сезоната, па во период во кој Арсенал повторно е во победнички ритам со него во тимот, легендарниот Тити си даде за право да извлече еден сериозен заклучок.

– Во овој момент Салиба е најдобриот дефанзивец во Премиер лигата, и тоа убедливо најдобар. Начинот на кој се брани еден на еден, неговата брзина му овозможува на Арсенал да прави висок пресинг. Може да покрие 45 или 50 метри од теренот.

– Станува комплетен во секој поглед. Брз е, знае како да одземе топка, а кога ќе го направи тоа, не ја шутира во аут. Се обидува да ја врати топката до соиграчите и тоа е многу важно.

– Работев во Франција кога тој беше на позајмица во Марсеј и бев изненаден што Арсенал не го задржал. Тој беше подобар од се што имавме како дефанзивци во тој момент. Сепак, сега се врати, им покажа на сите дека направиле грешка и сега е убедливо најдобар во лигата, – изјави Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни