Поврзете се со нас

Свет

Анри објасни зошто му било полесно да игра во Арсенал отколку во Барселона

Објавено

на

Тјери Анри го освои буквално секој трофеј кој може да се освои на клупски и репрезентативен план, но иако важи за жива легенда на Арсенал и француската фудаблска репрезентација, не треба да се заборави дека „Ел Тити“ замина и во Барселона во потрага по трофејот во Лигата на шампионите кој на крајот и го освои.

Незаборавниот француски голгетер своевремено важеше за убедливо најдобар напаѓач во светот и особено во англиската Премиер лига, па правејќи споредба за она што го доживеа во Арсенал и Барселона, Анри му призна на Кун Агуеро дека многу полесно му било да игра за „топчиите“.

Во видео разговорот кој им го организираше „Пума“, Анри му објасни на Агуеро зошто му било полесно да игра во Арсенал, алудирајќи на слободата во играта која ја добивал благодарение на Венгер и неговите соиграчи.

– Во Арсенал можев да играм кадешто сакам. Исто како и ти кога играше со Форлан. За мене беше многу полесно во Арсенал бидејќи знаев дека Бергкамп ли Кану ќе останат во средина на нападот, а јас можев да се вратам, да одам лево или десно по потреба. За разлика од Арсенал, во Барселона научив да играм во празно. Морав да правам спринтови назад за да им оставам простор на играчите за врска. Морав да креирам простор за другите, но брзо научив да го играм и тоа. Тогаш сфатив што значи да се игра во простор. Тоа беше комплетно друг пристап, но се адаптирав и освоивме се. Тоа беше неверојатно време во Барселона, но Арсенал е во моето срце, – му порача Анри на Агуеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни