Лига на шампиони
Анри објасни зошто Халанд не може да се споредува со Мбапе

Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд имаа нова директна пресметка на највисока можна фудбалска сцена, па иако Норвежанецот постигна еден гол повеќе, на крајот Французинот беше тој кој се израдува на победа.
Реал Мадрид со пресвртот во последните 10 минути се избори за голем триумф на „Итихад“ пред реваншот во Мадрид, а директната пресметка на двете големи ѕвезди беше тема на разговор и во студиото на „Си-Би-Ес“.
Тјери Анри отвори интересна дебата со изјавата дека Халанд и Мбапе не ги исполнуваат очекувањата од пред две или три години, но затоа без проблеми објасни зошто секогаш би го избрал својот сонародник пред неуморниот голгетер на Пеп Гвардиола.
– Мислевме дека Мбапе и Халанд ќе бидат двајцата играчи кои ќе ги наследат Меси и Роналдо, но наместо да добиеме потврда за тоа, луѓето се уште се прашуваат како точно играат за своите тимови. Статистиката им е извонредна, но не сум сигурен дека се недопирливо најдобри во светот.
– Можеби се најдобри, можеби не, но сигурно се на врвот. Луѓето секогаш ќе дебатираат за тоа. За некој најдобар ќе биде Мбапе, за некој Винисиус, други ќе велат дека допрва доаѓа Ламин Јамал. Сакам да кажам дека за Мбапе и Халанд не сме сигурни како што мислевме дека ќе биде, – порача Анри, по што Карагер го запраша кого тој лично би избрал од двајцата.
– Мбапе би го бирал секој ден. Поради тоа што го прави, поради тоа што го нуди на теренот, нуди различни опции во секој момент. Гледајќи од тренерска перспектива, тој може да игра десно, лево и во средината. Дали Халанд може да игра на друга позиција освен како „деветка“?, – порача Анри.
"Mbappé all day."
Thierry Henry picks his striker between Kylian Mbappé and Erling Haaland from a coach's point of view 👀 pic.twitter.com/i1sgINx0RX
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) February 11, 2025
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)