Поврзете се со нас

Шпанија

Анри објасни зошто Белингем блеска во Реал: Мора да му дозволите…

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Реал Мадрид доведе неколку играчи во летниот преоден рок, но најзначајното, најзвучното и најскапото беше Џуд Белингем кој пристигна од редовите на бундеслигашот Борусија Дортмунд.

Англискиот репрезентативец фантастично се најде во првите месеци на „Сантијаго Бернабеу“ и слободно може да се каже дека е најдобар, најконстантен играч на „кралевите“ во досегашниот тек на оваа кампања.

Џуд веќе дојде до 10 гола и 3 асистенции во дресот на шпанскиот великан, бројки за почит и сега да ја заврши сезоната со оглед на тоа што ова му е прва година во еден од најдобрите тимови на светот.

Тој добива комплименти за играта од сите страни, а легендарниот Тјери Анри се обиде да објасни зошто тој блеска на овој начин и ги има сегашните бројки.

-Тешко е да се скратат крилата на инстинктивен играч. Мора да му дозволите да се изрази со својот инстинкт, но со одржување на структурата. Што мислите, зошто (Џуд) Белингам се изразува добро во Реал Мадрид? Затоа што структурата тоа му го дозволува. Тројца играчи од средниот ред му даваат стабилност одзади, а напаѓачите пред него трчаат и отвораат простор, давајќи му време да трча со топката, -порача Тити за „Л’Eкип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни