Поврзете се со нас

Франција

Анри: Не сум изненаден од измената на Меси

Објавено

на

Тјери Анри беше еден од највоодушевените од пристигнувањето на Лионел Меси во францускиот фудбал, а сега како стручен коментатор за Лига 1, легендарниот голгетер излезе со свој осврт и за најкоментираната сцена од вчерашниот меч на „Паркот на принцовите“.

Меси не беше воопшто задоволен од фактот што Маурисио Покетино го извади од игра при резултат 1:1, по што дополнително се појавија видеа кои докажуваат дека тој не се израдувал ниту на победничкиот гол кој го постигна Икарди во судиското надополнување.

Аргентинецот своето деби на „Паркот на принцовите“ ќе го памети по индивидуалното разочарување од одлуката на тренерот, но Анри вели дека не бил изненаден од одлуката на предводникот на „светците“.

– Меси? Можеби не сакаше да излезе надвор и тоа беше евидентно, а никој не може да тврди што точно си кажаа со Покетино. Дефинитивно сакаше да остане на теренот за да постигне гол.

– Не сум изненаден од измената на Меси, но да не правиме контроверза од сето ова. Сигурно ќе дојде денот кога ќе постигне гол. Потребно е време за адаптација на нешто ново после сите години во еден клуб, дури и за најдобриот играч во светот, – заклучува Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни