Лига на шампиони
Анри не стравува од потенцијалните два ривали на Арсенал во четвртфиналето: Време е да се покажеме против најсилните

Арсенал извојува историска победа во Лигата на шампиони и стана првиот тим кој постигнал седум голови на гостински терен во една елиминациска фаза, а триумфот од 1:7 практично го направи тимот од Северен Лондон прв патник во четвртфиналето.
Иако ќе треба да се доработи задачата на домашен терен, јасно е дека Арсенал веќе може да се подготвува за следниот ривал во најелитното натпреварување, а тоа ќе биде победникот од мадрилењо дербито меѓу Реал и Атлетико.
Англискиот претставник ќе има далеку потешка фаза во следната рунда, но Тјери Анри верува дека Арсенал ќе има свои шанси, особено поради фактот што за очекување е да се вратат и Сака и Мартинели.
– Дали имаат шанси против Реал и Атлетико? Одговорот е да, навистина верувам во тоа. Арсенал треба да покаже дека може да игра против најсилните тимови, особено со играчите кои се враќаат од повреди.
– Навистина мислев дека ќе биде потешко против ПСВ, особено на гостински терен. Сепак, Арсенал направи ова да изгледа премногу лесно, одиграа извонреден натпревар и најдобар доказ за тоа е резултатот. Исто така, мислам дека работата во Премиер лигата е завршена, треба да се случи нешто чудно за да има промени. Токму поради тоа, сметам дека Арсенал ќе има дополнителна помош да се насочи на Лигата на шампиони, – порачува Анри.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!