Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри му се поклони на Чави: Нека зборуваат луѓето што сакаат, твојот мозок може да се спореди само со….. (Видео)

Објавено

на

Тјери Анри ги освои сите најважни титули како член на Барселона и извонредно се адаптираше во супер моќниот тим кој го имаше каталонскиот великан во тоа време, а еден до неговите соиграчи беше Чави Ернандес.

Популарниот Тити вчеравечер имаше можност да зборува со Чави по крајот на натпреварот меѓу Наполи и Барселона во Лигата на шампионите, па така Французинот ја искористи својата шанса за да ја искаже цела восхит кој ја чувствува за предводникот на Барса.

– Прво што сакам да кажам е дека сум импресиониран од работата која ја извршуваш. Не ми е гајле што велат луѓето. Ти ја освои титулата во Ла Лига и треба да бидеш горд на тоа, – му порача Анри на Чави, по што тренерот искрено му се заблагодари на својот пријател.

– Многу сум горд што играв со тебе, ме научи на многу работи во Барселона. Кога пристигнав во Барселона, ми порача да не зборувам. Ми порача дека треба да зборувам кога ќе почнам да победувам во Барселона.

– Очекувам дека ќе продолжиш напред, твојот мозок не се споредува со другите. Единствен мозок кој е горе со тебе е оној на Пеп. Затоа се надевам дека ќе се вратиш брзо и дека повторно ќе те гледаме на терените. Знам дека ти останува уште време до крајот на сезоната, но знаеш за што точно мислам. Те молам врати ни се брзо, – му порача Анри на Чави, алудирајќи на најавата на тренерот дека ќе направи пауза по крајот на оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни