Франција
Анри: Меси не се идентификуваше со ПСЖ, ама успеа…
Лионел Меси ја заврши приказната со Пари Сен Жермен и тоа по две години минати на „Паркот на принцовите“.
Која ќе биде новата дестинација на Аргентинецот треба набрзо да дознаеме, а во меѓувреме продолжува да се коментира, анализира учинокот што напаѓачот го имаше во таборот на „светците“ во овој изминат период. И со негова помош ПСЖ не дојде до пехарот во Лигата на шампионите што секако беше главна цел, но според легендарниот Тјери Анри и без тоа Меси оставил печат во историјата на овој клуб.
-Меси остави печат во историјата на ПСЖ затоа што како лани така и сега беше шампион. Да, луѓето ќе речат дека тоа е лесно, ама за мене тој тоа го направи. Особено со сезоната која штотуку ја имаше, неговата статистика зборува за него.
-Дали остави печат на срцата на навивачите? Тоа е друга дебата. Мора да останете подолго време за тоа, а на теренот на Килијан тоа не е лесно. Кога генерално ќе ги слушнете луѓето во Париз, тие велат дека не се идентификувал со клубот, -вели Анри за „Прајм Видео“.
Како наредни дестинации за Лео се споменуваат Барселона, МЛС, Саудиска Арабија…
-
Светпред 24 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти: Џирона може да се бори за титулата
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)