Поврзете се со нас

Англија

Анри лудо почитува една ѕвезда на Арсенал: Во Академијата се зборуваше само за тројца, тој беше во втор план

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Тјери Анри ќе има шанса да следи нов натпревар на Арсенал во Лигата на шампионите, но во увертирата за мечот со Монако, легендарниот Французин се наврати и на времето кога можел одблиску да ги следи талентира од Академијата.

Популарниот Тити вели дека Букајо Сака прераснал во најголема ѕвезда иако никој немал такви прогнози за него пред неколку години, бидејќи додека тој го посетувал младинскиот тим, сите играчи и тренери зборувале за други тројца играчи.

– Во периодот кога јас бев во Академијата, луѓето кои тренираа постојано зборуваа за три имиња, Букајо беше незабележлив за нив, беше во втор план.

– Се зборуваше многу за Крис Вилок, Рајс Вилок и Дониел Мален. Сака беше добар, но не се зборуваше за него во Академијата на Арсенал.

– Затоа имам лудо голема почит кон него. Тој ми е слаба точка и без никаков сомнеж е играчот кој е мој најголем фаворит. Букајо ми е омилен, – вели Тити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни