Поврзете се со нас

Свет

Анри ја заврши приказната во МЛС лигата (ФОТО)

Објавено

на

blank

Француската фудбалска легенда, Тјери Анри нема повеќе да го води МЛС составот Монтреал.

Некогашниот ас на Арсенал и Барселона одлучи да и стави крај на оваа приказна поради семејни причини, односно не сака понатаму да биде далеку и разделен од неговите деца, па се враќа во Лондон.

Анри во ноември 2019 година седна на клупата на Монтреал и го одведе клубот во плејофот во МЛС лигата за првпат по четири години. Неговиот учинок во регуларниот дел беше 8 победи, 2 нерешени и 13 порази, плус треба да се напомене дека го одведе тимот во четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

Кој ќе биде следниот предизвик за Тити не се знае, последниот клуб со кој неодамна се поврзуваше беше Борнмут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни