Поврзете се со нас

Англија

Анри ја посочи главната причина за заминувањето на Клоп од Ливерпул: Тоа е добро за него…

Објавено

на

Foto:instagram.com/belgianreddevils

Јирген Клоп пред некое време ја изненади јавноста со одлуката да си замине од премиерлигашот Ливерпул на крајот на оваа сезона.

Тој има активен договор со „црвените“ до 30 јуни 2026 година, меѓутоа реши дека е време за разделба по скоро една деценија минатата на клупата на англискиот великан. Германецот го врати Ливерпул на мапата, поточно направи овој клуб да биде конкурентен и освојува пехари како на домашната така и на меѓународната сцена, а за тоа тој вложи многу труд, енергија и едноставно сега се чуветвува истрошен, поточно потребен му е одмор, мир, да ги наполни батериите пред да може да прифати нов проект.

Легендарниот Тјери Анри многу добро го разбира колегата, го поддржа и објасни зошто таа одлука е правилна.

-Пеп беше во Барселона, потоа зема одмор. Клоп е во Ливерпул, застанува. Чави е во Барселона, исто така застанува. Три големи клубови. Тоа е нормално работа од соништата и тие престануваа, тоа се ти кажува. Притисокот, секој има глас, социјални медиуми и што уште не. Тешко е да се биде менаџер и никој не се грижи за тебе. Ќе треба да се погрижите за себе во еден момент.

-Разбирам дека е многу убаво за навивачите и за сите вклучени, новинарите, но не размислувајте само за себе и мислејќи дека Клоп ќе му недостига на Премиер лигата, дека ќе му недостига на Ливерпул. Ние тоа го знаеме, знаеме дека е вистина. Но, му недостасуваше семејството, своето време, му недостасуваше разумот. Тоа е добро за него. Кога ја добив веста, реков: „Добро за тебе, -истакна Анри за „Си-Би-Ес Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни