Поврзете се со нас

Англија

Анри избра уште шест легенди кои мора да му се приклучат во „Куќата на славните“

Објавено

на

Тјери Анри и Алан Ширер беа првите играчки легенди кои беа сместени во „Куќата на славните“ од страна на Премиер лигата, категорија која беше инаугурирана на почетокот на минатата седмица, а која во периодот кој што престои, сигурно ќе биде надополнета со многу други големи имиња.

Двата страшни голгетери се презентираа како две први легенди кои се дел од избраното друштво, а бидејќи Анри вчера беше гостин во понеделничкото студио на „Скај Спортс“, доби за задача да избере најмалку уште шест играчи кои заслужуваат место во „Куќата на славните“.

Французинот на прво место го стави Рој Кин и даде најдлабоко образложение за тоа, па во продолжение ги наброја уште Пол Сколс, Патрик Виеира, Ерик Кантона, Денис Бергкамп и Френк Лампард.

– Навистина сум вознемирен кога луѓето зборуваат само за острите стартови на Рој Кин, зборуваат само за тоа дека бил цврст играч и ништо повеќе.

– Да, тој беше цврст играч, правеше стартови, но тој беше неверојатен играч. Можеше одлично да додава, да внесе енергија, да дава голови. Јас бев на трибините кога тој даде гол со глава во полуфиналето во Лигата на шампионите во 1999-та година. Начинот на кој се бореше на средината, начинот на кој можеше да ги мотивира соиграчите да дадат се од себе беше нешто посебно, – вели Анри кој наброја дури три играчи од омразениот ривал Јунајтед (Кин, Сколс и Кантона).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни