Поврзете се со нас

Свет

Анри испорача моќен говор од студиото на „Си-Би-Ес“ и го спореди Јамал со еден поранешен соиграч (Видео)

Објавено

на

Тјери Анри е редовен аналитичар во студиото на „Си-Би-Ес“ и е стандарден соговорник на Кејт, Карагер и Ричардс, а последно Французинот го привлече вниманието со својот став кој го изнесе за Ламин Јамал.

Популарниот Тити е воодушевен од начинот на кој тинејџерот се справува со цела фудбалска слава која ја стекна толку рано во кариерата, но истовремено ги предупредува медиумите дека не треба да му вршат дополнителен притисок, бидејќи во последно време доста се зборува за неговата неефикасност пред голот.

Анри реши да направи една паралела и го спореди Ламин со Бојан Кркиќ, со што реши на најдобар начин да прикаже што значи да се биде голема фудбалска ѕвезда во тинејџерските денови.

– Јас ја имам доживеано оваа ситуација и претходно. Не јас лично, но видов како вака млад играч доаѓа на светската сцена на овој начин. Тоа е Бојан Кркиќ. Не знам дали се сеќавате на него, но ви препорачувам да го погледнете неговиот документарец, бидејќи немам време да ви објаснам се. Во документарецот може да видите што може да ви се случи на толку рана возраст, особено во моменти кога не знаете како да се справите со работи кои се случуваат толку брзо. Бојан се загуби од анксиозност и од желба да не биде толку следен во јавноста. Тоа е нешто што луѓето не го разбираат, но и не сака да го разбере. Те гледаат на највисока сцена, играш фудбал и забораваат дека си само младо момче кое до пред некое време никој не го знаеше.

– Сакам да му честитам и да го поздравам Бојам за тоа што го вели во документарецот, за тоа како споделува колку му било тешко да се справи со тој екстра притисок. Одби да оди на Европското првенство кога Шпанија за првпат освои европска титула. Погледнете го документарецот на Бојан, тоа е добар пример да сфатите што значи да се биде голема ѕвезда толку рано во кариерата, – објаснува Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни