Поврзете се со нас

Англија

Анри искрен: Не можам да му кажам на Обамејанг да остане во Арсенал затоа што…

Објавено

на

Легендата на Арсенал, Тјери Анри се уште ги прати настапите на неговиот поранешен тим кој е далеку под нивото од тимот кој го имаа „топчиите“ додека Французинот беше ударна игла во нападот.

Лошите игри и неиграњето во Лигата на шампионите се одразија и на финансиската ситуација на клубот кој ова лето ќе мора да продава доколку сака да донесе некои нови фудбалери.

Се погласно се зборува дека најдобриот играч на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг ќе си замине ова лето со цел клубот да заработи пари на неговиот трансфер, во спротивно веќе од следната сезона тој би заминал без никакво обесштетување.

Од „Скај Спортс“ за прашањето поврзано со иднината на Обамејанг побараа коментар токму од Анри кој и самиот го напушти клубот за да се пресели во редовите на Барселона. Токму поради овој потег, Анри смета дека тој не може да му каже на Обамејанг да остане во клубот затоа што тоа ќе биде лицемерно.

– Сите ќе го сторат тоа што мора да го сторат и што мислат дека е најдобро за нив. Како јас ќе му кажам на некој да остане, кога јас заминав од клубот? Како фан на Арсенал се надевам дека Обамејанг ќе остане, но како фудбалер можам да кажам дека тој ќе зборува со семејството, со татко му и ќе одлучи што е најдобро за него. Ако си навивач на Арсенал, не сакаш Ауба да замине, но јас не знам што има во неговата глава.

-Единственото што го знам е дека многу ќе недостигаат неговите голови ако си замине. Ги почитувам луѓето и желбите и соништата кои ги имаат, но како човек од Арсенал мора да кажам дека ако било кој навивач на клубот  рече дека Обамејанг треба да замине, би го сметал за луд, -изјави Анри.

Обамејанг пристигна во Арсенал на почетокот на 2018 година и веднаш се наметна како еден од најважните играчи  на тимот. Оваа сезона игра одлично и има постигнато 20 голови на вкупно 32 натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни