Поврзете се со нас

Англија

Анри импресиониран од менталитетот на еден играч на Арсенал: Само со талент не може да стигнете никаде

Објавено

на

Фото: www.instagram.com/davidbeckham

Букајо Сака прерасна во голема фудбалска ѕвезда во изминативе три години, но што е најважно, успеа да го преживее кошмарниот момент кога промаши пенал во финалето на Европското првенство на „Вембли“.

Крилото на Арсенал на свои 19 години доживеа ужасни моменти и беше жестоко навредуван на расна основа по нереализираниот удар од 11 метри, но три години подоцна, неговиот статус како десно крило е цементиран во англиската репрезентација и важи за еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Сака е константна опасност за сите дефанзивни фудбалери и посебно плени со залагањето и во одбрана и во напад, па со таквиот пристап ги собира аплаузите и од најголемите легенди на овој спорт.

– Ако има потреба, Сака има помош од психолог во репрезентацијата, бидејќи навистина не е лесно да минете низ тоа што мина тој. Кога ќе доживеете такви работи какви што доживеа тој, мора да излезете на теренот и да покажете перформанси на секој следен меч, а тој го направи тоа. Го познавам Букајо многу добро, од времето кога беше во Академијата на Арсенал….

– Да бидам искрен, никој не мислеше дека ќе стане тоа што стана денес. Имаше големи очекувања од него, но тој ги надмина. Букајо е многу скромен, понизен и секогаш се бори за тимот. Игра и во одбрана и во напад, а почна да придодава и со голови и асистенции. Кога имате таква глад, таква одлучност, таква желба и таква работна етика, талентот паѓа во втор план. Со талент не можете да стигнете никаде, мора да се поклопат повеќе работи. Не беше воопшто лесно за него, патот беше трнлив. Јас никогаш не морав да се справам со таков притисок, тој промаши пенал и беше навредуван на ужасен начин. Затоа сум воодушевен од неговиот менталитет, начинот на кој одговори најдобро говори за неговиот карактер, – вели Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни