Поврзете се со нас

Свет

Анри има свој фаворит меѓу ѕвездите во модерниот фудбал: Тој игра на друго ниво

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Тјери Анри имаше успешна фудбалска кариера во која успеа да ги освои сите најважни трофеи, но како ѕвезда која на крајот заврши и во Барселона, Французинот често се поврзува и со сите случувања во Каталонија.

Легендарниот напаѓач беше дел од златната генерација на Пеп Гвардиола која испиша фудбалска историја, меѓутоа и овој тим на Ханси Флик почнува да игра извонредно атрактивен фудбал, од кој најмногу профитираат офанзивните фудбалери.

Ако се суди само според квалитетот, овој тим на Барса се уште е далеку од оној за кој играше Тити, но затоа Анри вели дека во актуелниот состав има еден играч кој обожава да го гледа повеќе од било кој друг фудбалер во светот.

– Ќе ви објаснам зошто најмногу уживам да го гледам Ламин Јамал. Причината не е онаа која мислите дека ќе ја кажам. Сите зборуваат за дриблинзите и атрактивните потези, но има нешто друго.

– Се работи за неговата зрелост и ќе ви го објаснам тоа со добар пример. Шпанија поведе со 2:1 против Франција на Европското првенство, тој добива топка од Унаи Симон и успева да ја смири со надворешниот дел од стапалото. Ја крева главата и може да оди еден на еден во дуел со Тео Ернандес.

– Замислете, тој е млад, постигна гол и никој немаше да му замери ако го понесеше топката. Тоа се случи околу 60-та минута, но откако ја спушти топката, тој ја врати топката назад и им порача на своите соиграчи да се смират. Во тој момент си помислив, ова момче го одредува темпото и на оваа возраст. Тогаш сфатив дека ова момче е предобро, тој игра фудбал на друго ниво. Финтите и дриблинзите низ нозе се нешто нормално, тоа го прави цело време, но начинот на кој размислуваше на натпревар од таков калибар за мене е нешто посебно, – објаснува Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни