Англија
Анри: Гвардиола не е истиот, мене ми се случи истото во Барселона

Тјери Анри како голем фан на Арсенал уживаше во големата победа која ја оствари неговиот омилен тим над Манчестер Сити, но истовремено призна дека чувствувал и малку тага поради сликата која се создава за неговиот пријател и поранешен тренер, Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак се соочува со најголемата резултатска криза во својата кариера и тоа доаѓа во период кога се разведува од својата сопруга, приватен проблем кој според Анри дефинитивно влијае и врз спортскиот проект на англискиот шампион.
– Малку ми е жал за тоа што му се случува на Манчестер Сити, особено поради една работа. На Пеп Гвардиола сигурно не му е лесно да прави баланс меѓу работата и тоа што му се случува во приватниот живот.
– Мене ми се случи истото кога играв во Барселона. Не е лесно да се справите со тие работи, не е лесно да имате успех на спортско поле кога не сте ментално здрав.
– Се гледа дека Пеп не е оној истиот како обично. Морав да се справувам со таков проблем во Барселона и само ќе ви кажам дека не е воопшто лесно. За жал, во фудбалот нема време за ништо, мора да продолжите напред и во ситуации кога не се чувствувате најдобро, – потенцира Анри.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…