Поврзете се со нас

Свет

Анри го пронајде најпотценетиот играч во светот: Нема многу фудбалери со таков квалитет

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Тјери Анри стандардно е активен како анализичар на „Си-Би-Ес“ и традиционално е дел од шоута кои се прават за време на Лигата на шампионите, но за време на репрезентативниот период, од пред извесно време тој има сериозни обврски.

Анри е селектор на младинскиот тим на Франција и полека го подготвува тимот кој ќе се бори за златниот медал на Олимписките игри, а враќањето во родната земја го искористил за да направи едно опширно интервју за „Ле Паризен“.

Угледниот медиум го објави разговорот со Тити и издвои неколку одговори кои се навистина интересни, но во ситуација кога сите зборуваат за Килијан Мбапе, Анри реши да му даде медиумско внимание на човекот кој за жал ќе го прескокне мартовскиот прозорец.

После 84 последователни настапи за Франција, Антоан Гризман нема да може да му се стави на располагање на Дешамп поради повреда, а прекинувањето на уникатниот рекорд беше причина за Анри да подели низа комплименти за својот сонародник.

– Кога ги споменуваме лидерите кои ја однесоа Франција до ова ниво, не смееме да го заборавиме Гризман. Тој ни покажа дека напорната работа исто така е голем талент. Ние премногу често зборуваме за Килијан, толку многу што за некого делува и нападно. Сепак, треба да се зборува и за Гризман, погледнете ги неговите пасови и неговите голови.

– Кажете ми колку играчи во историјата можат да ги покријатн сите четири позиции во нападот како него? Нема многу фудбалери со таков квалитет, а Гризи е еден од нив. Гризман е убедливо најпотценетиот играч кој постои во фудбалот, – заклучува Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни