Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри го поддржа Карагер и распали по Меси, Нејмар и Мбапе: Не ми е гајле за кого станува збор, ова е ЛШ!

Објавено

на

Џејми Каргер брутално распали по трите најголеми ѕвезди на ПСЖ и ги обвини за сериозно незалагање на теренот, став кој предизвика реакција и од Тјери Анри кој му правеше друштво во студиото на „Парамонт плус“.

Легендарниот француски напаѓач го поддржа поранешниот стопер на Ливерпул и свој колега како аналитичар, нагласувајќи дека на Карагер како екс дефанзивец му е посебно тешко да гледа како тројцата напаѓачи не се враќаат назад да им помогнат на своите соиграчи во одбраната.

– ПСЖ има тројца „патници“ во тимот кои не трчаат, немаат никакви шанси да ја освојат Лигата на шампионите со нив, едноставно никакви шанси. Се фрустрирам кога ги гледам. Можеби ќе го разберам Меси кој има 34 години и се штеди за клучните моменти, но Мбапе има 22 години, треба да спринта назад за да им помага на своите соиграчи против силни тимови како Манчестер Сити. Одењето по теренот едноставно не е за мене, не можам да го сфатам тоа, – изјави Карагер.

– Го разбирам Џејми, како некогашен дефанзивец, посебно боли да гледате како играчите од нападот не се враќаат да ви помогнат. Јас можам да кажам нешто како напаѓач.

– Ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите, не може да се браните со седум играчи, тоа едноставно е невозможно да се случи. Не ми е гајле за кого станува збор, во дадениот случај на ПСЖ, страничните бекови беа изложени на пропаст, Сити одеше во напад три на еден или три на два.

– Лигата на шампионите се освојува со тим кој одбраната почнува од нападот. Во Франција не се чувствува тоа, но тим како Сити ни покажа дека одбраната на ПСЖ е изложена на пропаст со таков пристап од играчите во нападот, – анализираше Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни