Анри го одбра својот дрим-тим од петмина, нема место за Меси

anri-karager

Францускиот ас и легенда на англискиот премиерлигаш Арсенал, Тјери Анри имаше можност да го избере својот дрим-тим од пет играчи, а интересно во истиот не најде место за Лионел Меси.

Анри и Меси играа неколку сезони заедно во Барселона, ама тоа по се изгледа не беше доволно за пупуларниот Тити да му даде глас на Аргентинецот, но затоа тука се двајца поранешни играчи на каталонскиот гигант.

-Би кажал Пеле, Марадона, Кројф и Бекенбауер… Лаудруп треба да биде тука, -истакна Анри.

-Никогаш не го разбрав Лаудруп. Беше многу потценет. Кога зборувате за кавијар на фудбалот, неговото име треба таму да биде, -порача Тјери.

Facebook Коментари