Поврзете се со нас

Свет

Анри го испорача својот фаворит за „Златната топка“: Фудбалот подзаборави на такви играчи

Објавено

на

Foto:twitter.com/Como_1907

Следниот понеделник во Париз ќе се одржи свечената церемонија по повод доделувањето на „Златната топка“, а како што се ближи тој настан, така јавноста се повеќе внимание обврнува на големото случување.

Винисиус Жуниор се издвои како голем фаворит во последно време и се очекува по првпат во кариерата да го добие признанието за најдобар фудбалер во светот, па иако Тјери Анри вели дека тоа ќе биде заслужено, според него има еден кој повеќе го заслужува тој примат од ѕвездата на Реал Мадрид.

Фаворит број еден на Тити е Родри од редовите на Манчестер Сити, а како свои аргументи ги испорача неговите извонредни настапи на Европското првенство, но и катастрофално лошите кои ги имаше Винисиус на Копа Америка.

– Мој избор е Родри. Отсекогаш сакав играчи како Чави и Иниеста да го добијат тоа признание. За жал, луѓето во фудбалот подзабораваат на такви играчи, забораваат што прават и што значат тие за тимот. Такви играчи се срцето на тимот, Родри е срцето на Манчестер СИти.

– Знам дека тој не ја освои титулата во Лига на шампиони, но затоа го освои Европското првенство. Од друга страна, Винисиус воопшто не се појави на Копа Америка, како воопшто да не играше. Сепак, ако ме прашувате дали ја заслужува „Златната топка“, ќе кажам „ДА“. Тој е извонреден и за мене е најдобар напаѓач во светот. Ја заслужува наградата, но не повеќе од Родри, – потенцира Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни