Поврзете се со нас

Англија

Анри го апострофираше најголемиот проблем на Арсенал по поразот од Интер: Секогаш го поставувам истото прашање

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Арсенал не успеа да постигне гол против Интер и покрај тоа што имаше голем посед и повеќе шанси, а третиот пораз на последните шест меча во сите натпреварувања јасно укажува дека нешто не функционира најдобро во тимот на Микел Артета.

Иако играта во напад изгледа и повеќе од коректно, лесно примените голови му создаваат огромни главоболки на шпанскиот стручњак, но ако тој не гледа проблем и покрај лошата форма во која се наоѓа тимот, Тјери Анри потенцира дека детектирал еден голем проблем уште пред извесно време.

Легендарниот Тити во студиото на „Си-Би-Ес“ апострофираше дека главен проблем за Арсенал е играта на гостински терен, каде тимот според него не е оној препознатливиот и истиот од „Емирејтс“.

– Во овој момент, не можеме да кажеме дека Арсенал е кандидат за титулата во Премиер лигата. Може да се види дека резултатите не се доволно добри, а патот до врвот е многу долг, барем така изгледа во моментов.

– Јас постојано сум поставувал едно прашање за овој Арсенал, па го правам тоа и сега. Зборувавме за тоа и по мечот со Аталанта оваа сезона. Сметам дека тимот не е доволно добар кога игра на гости. Долго време се извлекувавме со резултати на гостински терен, но веќе тоа не е случај. Затоа не знам што не чека и на претстојното гостување кај Челси, – вели Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни