Поврзете се со нас

Англија

Анри ги именуваше своите два омилени ривали од Премиер лигата: Противниците ќе имаа големи проблеми ако играв со нив

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Тјери Анри беше специјален гостин во студиото на „Скај Спортс“ и воглавно се задржа на актуелни теми од Премиер лигата, но во понеделничката емисија на познатата емисија, доби за задача да ги избере двете омилени премиерлигашки ѕвезди од минатото со кои би сакал да игра.

Анри беше недопирлив во Премиер лигата како напаѓач на Арсенал и речиси секоја година беше во трката за најдобар голгетер во Англија, меѓутоа самиот е свесен дека во тоа време имаше и сериозно добри ривали кои правеа да не биде постојано на врвот.

Говрејќи за напаѓачите со кои би сакал да игра од тоа време, Анри интересно спомена двајца поранешни голгетери на Челси, односно Дидие Дрогба и Николас Анелка.

– Навистина би посакувал да имав можност да играм со Дрогба. Всушност, има двајца играчи со кои би сакал да играм во Премиер лигата, а тоа се Дрогба и Анелка. Мислам дека би биле многу добри со Анелка, противниците би имале многу, многу голем проблем.

– Што се однесува до Дрогба, се сретнавме пред некое време и на аеродромот зборувавме за тоа. Замислувавме што би било ако игравме заедно….. Тој беше играч кој уживаше да игра како централен напаѓач, а јас сакав да се движам на повеќе страни. Ќе претставуваме голем проблем ако игравме во ист тим, – потенцира Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни