Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри ги именуваше двата тима кои се најнепосакувани во четвртфиналето: Не смее да потцените никого во Европа, но……..

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Вчерашните два натпревари во Лигата на шампионите ни ги претставија и последните два патника во четвртфиналето во најелитното натпреварување, кое мора да се признае дека ќе биде возбудливо како ретко кога со оглед на тимовите кои останаа дел од турнирот.

Големите имиња кои останаа во игра гарантираат вистински фудбалски спектакли во месец април, а Тјери Анри како легенда на Арсенал посака неговиот омилен клуб да избегне само два тима во втората нокаут рунда во Европа.

Французинот посочи дека Арсенал ќе може да се надигрува со секој од преостанатите седум тима, но сепак поради квалитетот и искуството, нагласи дека сите во клубот би сакале да ги избегнат Манчестер Сити и Реал Мадрид.

– Не смеете да потцените тим во Лигата на шампионите, сум бил во двете ситуации. Како играч, доживеав ера во која никој не сакаше да игра против Арсенал, но кога не гледаа така, никогаш не стигнавме многу далеку. Кога игравме во финалето во Лигата на шампионите, мислам дека тоа не беше најдобриот тим на Арсенал кој го имавме.

– Сакам да го кажам следното: Никогаш не смее да потцените никого во Европа. Од сите тимови кои се во ждребот, два се навистина непријатни и дрски во вакви околности. Тоа се Реал Мадрид и Манчестер Сити, се останато е подобро од тоа. Манчестер Сити се уште е тимот кој треба да се победи, а сите знаеме дека Реал Мадрид има 14 титули. Се останато е подобро од овие два тима, – вели Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни