Поврзете се со нас

Свет

Анри едвај го дочека последниот судиски свиреж, Франција ја елиминираше Аргентина (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Франција е последниот патник во полуфиналето на фудаблскиот турнир на Олимписките игри, но за да биде уште послатко, „триколорите“ стигнаа до таков успех режирајќи „слатка одмазда“ против Аргентина.

Јужноамериканката селекција им нанесе болен пораз на Французите во финалето на Светското првенство, меѓутоа вечерва се радуваше олимпискиот тим на домаќинот на Олимписките игри.

Тимот предоден од Тјери Анри поведе со голот на Матета уште во 5-та минута, па иако видовме безброј шанси до крајот, тоа се покажа како пресудно за победа и пласман во полуфиналето.

Франција се предодреди да ја брани позитивата во вториот дел и малку фалеше да биде казнета од Аргентина, но на крајот Французите успеаја да издржат во сценарио кое го разбесни и Тјери Анри.

Главниот судија продолжи десет минути, но фудбал се играше до 102-та и легендарниот гоглетер со голема нервоза го дочека последниот свиреж.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни