Анри со една брутална фраза ги „поздрави“ сите „хејтери“ на Барселона (Видео)

FBL-EUR-C1-MONACO-ATLETICO

Тјери Анри секогаш ќе се памети како фудбалска легенда на Арсенал и француската фудбалска репрезентација, но исто така не треба да се заборави дека неверојатниот напаѓач имаше феноменална етапа на „Камп Ноу“ како член на Барселона.

Анри остана шокиран од соработката која ја имаше со Пеп Гвардиола и речиси при секое свое излагање се обидува да објасни какво влијание имал шпанскиот тренер врз неговата игра во подоцнежниот дел од кариерата, но воглавно гледано, Французинот е вљубеник во фудбалската филозофија која ја негува каталонскиот гигант со години наназад.

Тоа може да се заклучи и со последната брутална фраза која ја испрати Анри од Монако, со која ги „поздрави“ сите „хејтери“ кои имаат забелешки за играта на Барселона.

– Не ми е гајле од каде доаѓаш, ако си вљубеник во фудбалот и не ја сакаш Барселона, тогаш имаш некаков проблем….

Facebook Коментари