Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри: Еден играч сега е пред Салах во битката за „Златната топка“ (Видео)

Објавено

на

Вчерашните случувања во Лигата на шампиони донесоа доста очекуван епилог на три од четирите натпревари, но елиминацијата на Ливерпул дефинитивно е веста на вечерта со оглед на тоа што „црвените“ стартуваа со предност на реваншот на „Енфилд Роуд“.

Лидерот во Премиер лигата беше во добра ситуација да продолжи да се бори за тројна круна, но овие замисли целосно се урнаа вчеравечер, откако ПСЖ го возврати ударот во регуларниот дел, а потоа и победи во пенал рулетот.

Елиминацијата значи дека Ливерпул до крајот на сезоната може да ги освои трофеите во Премиер лигата и не толку ценетиот Карабао Куп (финалето се игра претстојниот викенд), а сето ова го натера Тјери Анри да заклучи дека Мо Салах од вчера веќе не е главен фаворит за освојување на „Златната топка“.

Покрај успехот во домашното првенство, според Тити главен параметар се и претставите во Европа, а според него, Рафиња во овој момент е во подобра позиција за добивање на „Златната топка“.

Рафиња игра во животна форма и со вчерашниот учинок стигна до 27 погодоци и 19 асистенции од стартот на сезоната, па според Анри сега тој е лидер во трката за најдобар светски фудбалер во 2025-та година.

– Според мене Рафиња сега е во предност во трката за „Златната топка“, го велам тоа поради работите кои ги прави во Лигата на шампиони. Има постигнато 11 голови оваа сезона во Лигата на шампиони. Мо Салах исто така е голем кандидат за „Златната топка“, тука се и Кејн и Дембеле…..

– На крајот ќе зависи се од перформансите во Лигата на шампионите, покрај она што ќе го остварите во домашното првенство. Рафиња постигна многу голови оваа сезона, а само еден е од пенал. Сезона како оваа на Салах во Премиер лигата најверојатно нема да видиме повторно од било кој играч, но Рафиња има речиси исто голови како Салах и Кејн, и тоа без пенали. Треба да зборуваме малку повеќе за Рафиња, покрај тоа што делува фантастично во нападот, тој постојано помага и во одбрана, им помага на своите бекови. Тој поседува се во својата игра, – порачува Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни