Поврзете се со нас

Италија

Анри е фан на еден тренер од Серија А: Го следам многу долго…

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Тјери Анри е големо фудбалско име кое засега нема изградено некоја тренерска кариера, но тој е активен, присутен и во моментов е селектор на младата француска репрезентација до 21 година.

Во исто време Анри е доста актуелен со своите стручни коментари, анализи на актуелниот фудбалски теми, поточно тој внимателно ги прати сите случувања и призна дека како човек е огромен фан на работата на предводникот на Интер, Симоне Инѕаги.

-Инѕаги. Го следам многу долго, уште од неговите денови во Лацио. Тој во еден момент беше познат како тип со кого ако се соочите во Куп натпревар, ќе бидете во неволја. Како што видовме кога Манчестер Сити се мачеше против неговиот Интер во финалето на Лигата на шампионите со 3-5-2. Она што ми се допаѓа е со Инѕаги е тоа што тој игра со двајца центарфори, -истакна Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни