Поврзете се со нас

Свет

Анри брутално ја истрола презентерката на ФИФА на свечената церемонија во Лондон: Ти си фан на Тотенхем…. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Тјери Анри вчера беше презентер на ФИФА гала вечерта која се одржа во Лондон и планот беше да му го предаде трофејот на најдобриот играч во светот, но вчерашната церемонија ќе се памети и по тоа што ниту еден од тројцата најдобри фудбалери не ги почестија останатите со своето присуство.

Меси, Халанд и Мбапе не се појавија на „The Best“ случувањето во англиската престолнина и всушност Анри немаше на кого да му ја врачи наградата, па реши самиот да ја подигне.

Французинот порача дека жали што Меси не е присутен за да си го добие заслуженото, а потоа се упати кон трофејот и испрати брутална провокација до својата колешка Решмин Чаудри.

Познатата презентерка навива за лутиот ривал на Арсенал од Северен Лондон, па Анри го искористи тоа за да се пошегува на доста суров начин.

– Имам две причини за да го земам трофејот. Првата е поради тоа што не сум го освоил никогаш, а втората е….. Ти си фан на Тотенхем нели? Обично не ги ставаш рацете на трофеј, па ќе ти го донесам овој……., – порача Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни