Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анри: Арсенал може да го победи Реал само на еден начин

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Драматичната ноќ во Лигата на шампиони ни го донесе последниот патник во четвртфиналето, а тоа е екипата на Реал Мадрид која непосредно пред полноќ го совлада Атлетико во пенал рулетот.

Со тоа ја добивме и последната четврта пресметка во следната фаза во најелитното натпреварување, бидејќи Арсенал дозна дека сепак ќе игра против најуспешниот и најтрофејниот клуб во Европа.

Арсенал ќе влезе како аутсајдер во двете пресметки со Реал кои ќе следат во месец април, а во својата прва најава за овој двомеч, Тјери Анри посочи дека „топчиите“ можат да направат изненадување само во еден случај.

Анри во својата играчка кариера успеа да го елиминира Реал како главна ѕвезда на Арселан токму во најелитното натпреварување, но за да се повтори такво нешто, смета дека секој играч на Микел Артета ќе мора да има максимална верба во своите квалитети и можности.

– Да бидам искрен, сум бил во ваква ситуација, сум го победил Реал со помалку талентиран тим од нивниот. Ќе бидам искрен, кога ни беше извлечен Реал Мадрид пред 19 години, сите се смееја, особено во Шпанија. Ако не верувате дека може да го победите Реал, тогаш не треба воопшто да излезете на теренот.

– Може да го победите Реал само на еден начин, мора да верувате во тоа. Ако одите со помисла дека тие се далеку подобар тим, дека имаат 15 трофеи на ракавот, немате никаква шанса да им се спротивставите. Играчите на Арсенал ќе имаат шанса само со една помисла, само ако одат на теренот со верба дека можат да ги победат. Сум гледал како Грција освојува Европско првенство, сум гледал како Лестер ја освојува Премиер лигата. За да се случи тоа, мора да верувате во победа. Тоа е она што му треба и на Арсенал. Може да одиграте перфектно и тоа на крај да не биде доволно, но едноставно мора да верувате во победа кога играте против нив, – потенцира Анри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни