Поврзете се со нас

Италија

Ањели знае зошто Роналдо немаше вистински ефект во Јувентус: Сега би било друга приказна

Објавено

на

Foto:juventus.com

Андреа Ањели се повлече од претседателската функција во Јувентус после низата скандали за неправилно финансиско работење, но поранешниот прв човек на клубот не ја исклучува можноста во иднина повторно да се врати во клубот.

Познатиот бизнисмен во интервјуто со новинарот Мурад Ахмед не ја отфрла опцијата да има и втора важна етапа во клубот од соништата, меѓутоа доста поголемо внимание привлекува неговата изјава за „ефектот Роналдо“.

Многумина сметаат дека падот на неговото владеење во Јувентус беше иницирано од непотребниот трансфер на португалскиот фудбалер, кој во 2018-та година беше платен 100 милиони евра.

Според експертите, Роналдо никогаш не ги оправда овие средства и најголем дел од нив сметаат дека Португалецот се покажа како вистинско разочарување, особено поради тоа што Јувентус го донесе за да ја освои Лигата на шампионите.

Ова мислење не го дели Ањели, кој смета дека трансферот на Роналдо не дошол целосно до израз поради компликациите кои настанаа со Ковид пандемијата на средина на неговата втора сезона во првиот тим.

– Се уште сметам дека повлечениот потег со Роналдо беше добар за клубот. Можеше да биде многу подобро. Дајте ми го Роналдо во овие услови, тоа би било сосема друга приказна. Да можам да го менаџирам во услови без пандемија, тоа би било сосема друга приказна, – потенцира Ањели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни