Поврзете се со нас

Свет

Ањели се помири со реалноста и испрати порака по откажувањето на Англичаните од Супер лигата (Фото)

Објавено

на

Италијанските медиуми ова утро го пренесоа интервјуто на Андреа Ањели за „Ла Република“ кое дефинитивно беше објавено со задоцнување, бидејќи во денови кога се очекуваше експанзија на идејата за формирање на Супер лига, целиот проект доживеа неверојатен пресврт во период од 48 часа.

Токму поради тоа, интервјуто на „Ла Република“ донесе информации кои се веќе застарени, од едноставна причина што шест од 12-те клуба потписници се повлекоа од натпреварувањето кое требаше да биде пандан на Лигата на шампионите. Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал и Тотенхем речиси истовремено ги пренесоа своите соопштенија со информација за повлекување од Супер лигата, причина поради која Флорентино Перез го откажа своето закажано интервју на полноќ за угледната емисија „Ел Ларгеро“.

Перез кој се истакна како претседател на Супер лигата се уште нема излезено со официјален став по повлекувањето на Англичаните, но затоа Ањели се јави со нова изјава за „Ројтерс“ и практично се помири со реалноста како потпретседател на Супер лигата.

– Супер лигата не може да продолжи по заминувањето на шесте англиски клуба, едноставно не можеме да имаме прогрес во овој момент.

– И натаму стојам зад убавината на овој проект, убеден сум дека имаше убавина. Ќе го креиравме најубавото натпреварување во светот, – му изјавил Ањели на новинарот на Ројтерс, Симон Еванс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни